Skip to main content
Additives

Адитиви

Дали треба да сум загрижен/-а за адитивите во храната?

Прехранбените адитиви се супстанции што се додаваат во храната за да ја одржат или подобрат безбедноста, свежината, вкусот, текстурата или изгледот. Во Европската Унија, сите адитиви - од засладувачи до прехранбени бои - подлежат на проценка пред да се дозволи нивна употреба во храната.

Различни типови прехранбени адитиви се развивале со текот на времето, бидејќи подготвувањето храна во големи количини е многу поразлично од подготвувањето мала количина храна во домашни услови. Адитивите се потребни за да се обезбеди обработената храна да остане безбедна и во добра состојба бидејќи патува низ синџирот за снабдување со храна, од фабрики или индустриски кујни до магацини и продавници и конечно во нашите чинии.

Некои прехранбени состојки со векови се користеле за конзервирање - како што се сол (во месо, на пример во сланина или сушена риба), шеќер (во мармалад) или сулфур диоксид (во вино). Некои адитиви се користат за да го подобрат изгледот на храната, како што се прехранбените бои.

Сите прехранбени адитиви се предмет на проценка за да се провери дали се безбедни за консумирање. Анализираме како хемикалиите реагираат кога ќе дојдат во контакт со хранатаво којашто се додадени, како може да влијаат на нашето тело кога ќе се консумираат и колкава количина може безбедно да консумираме секој ден, преку нашата исхрана. Ако се одобрат и ако се користат во прехранбен производ, адитивите мора да бидат видливо наведени на означувањето. Така потрошувачите ќе знаат што консумираат и може да бидат сигурни дека храната е безбедна.

Камила Смералди, токсиколог во EFSA.

Во Европската Унија, сите адитиви се идентификуваат со Е број . Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) ја проценува безбедноста на новите прехранбени адитиви или предложените нови употреби на постојните адитиви пред да бидат одобрени за употреба во ЕУ. Исто така, ЕФСА прави повторнапроценка на адитивите што биле одобрени пред подолг временски период за да провери дали истите сеуште се соодветни за користење.

Прехранбените адитиви секогаш се наведуваат во списокот состојки во храната во којашто се додадени. Етикетите на производите мора да ги идентификуваат и функцијата на адитивот во готовата храна (пр. боја, конзерванс) и конкретната супстанција што е користена, или со упатување до соодветниот Е-број или до соодветниот назив (пр.: Е 415 или ксантан-гума).

полезни връзки: