Skip to main content
Banner Food Supplements

Додатоци Во Исхраната

Може ли една таблета на ден да го држи докторот подалеку од вас?

Земањето витамини и минерали може да биде дел од вашата секојдневна утринска рутина, а на пазарот има премногу додатоци во исхраната. Но, за што служат тие и кој би требало да ги зема?

Додатоците во исхраната содржат состојки како што се витамини, минерали, аминокиселини, ензими и растителни екстракти коишто се земаат во облик на таблети, прашоци и течности. Тие може да се купат без рецепт во аптеки, супермаркети, специјализирани продавници и на интернет. Некои најпознати додатоци во исхраната се витамин Д, ехинацеа, рибино масло и калциум.

Растителните лекови и препарати направени од билки, алги, габи или лишаи исто така станаа широко достапни во ЕУ, во облик на додатоци во исхраната. На пример, женшен, гинко, лук и кантарион.

Зошто земаме додатоци во исхраната? Со некои додатоци се додаваат хранливи материи и витамини во исхраната, коишто можеби не се консумираат доволно преку просечната исхрана. Други пак може да придонесат за намалувањето на факторите на ризик за некоја болест. Тие може да се користат за одржување на општото здравје, да ги поддржат менталните и спортските перформанси или како поддршка на имунолошкиот систем. Но, додатоците во исхраната не се медицински производи и нивното користење не е наменето за лекување или спречување болест. Во ЕУ, додатоците во исхраната се регулирани како храна.

Додатоците се достапни во најразлични дози и комбинации. Исто така, одредени групи луѓе коишто се изложени на повисок ризик од недостаток на одредени хранливи материи, може да имаат придобивки од додатоците во исхраната, како што се бремени жени или жени што сакаат да забременат, новороденчиња, луѓе со недоволна изложеност на сонце, или вегани, на пример.

Додатоците во исхраната не треба да се гледаат како замена за избалансирана исхрана. Всушност, повеќето луѓе немаат потреба од додатоци во исхраната бидејќи нивната исхрана им ги обезбедува сите хранливи материи што им се потребни, освен витамин Д ако вашата изложеност на сонце е ограничена. Само одредено количество од секоја хранлива материја е потребно за нашите тела да функционираат, а поголемите количества не значи дека се неминовно покорисни. Всушност, кога се земаат во високи дози, некои супстанции може да имаат и сосема спротивни резултати, па дури да бидат и штетни.

Земјите на ЕУ управуваат со пазарот на додатоци во храната на национално ниво. Кога имаат прашања за некој од нив, нѐ повикуваат за да направиме безбедносна процена.

Ariane Titz, нутриционист во EFSA.

вели Ариане Титц, Додека многу од додатоците во исхраната имаат долга историја на користење во Европа, постои одреден степен на загриженост за безбедноста и квалитетот на некои од нив. Ова го вклучува ризикот од хемиско и микробиолошко загадување и потребата да се осигури дека концентрациите на биоактивни средства се во рамките на безбедните граници.

EFSA дава научни мислења за безбедноста на супстанцијата ако е наменета за користење како додаток во исхраната и не постои историја на безбедно користење во ЕУ пред 1997 или доколку одредена земја членка бара евалуација.

Vitamin supplements